понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Младинска гаранција НЕ ПОСТОИ!!!

Младинска гаранција е нереална мерка и фикција, се користи за популистички пароли а во основа НЕ ПОСТОИ, нема определено буџет, опфат на корисници, услови и слично, пишува Горан Јовановски за Вечер.мк.
Младинска гаранција НЕ ПОСТОИ!!!

Едноставно, секое младо лице кога ќе се пријави во Агенција за вработување, се евидентира како дел од младинска гаранција. Доколку истото лице се вработи кај било кој работодавец без да користи било каква мерка се евидентира и се прикажува како успешна приказна на Мила Царовска. Доказ дека не постои(фикција) Младинска гаранција и дека претставува обична административна евиденција на младите невработени лица е табелата на Агенција за вработување во која се прикажани буџетот и опфат на лица со услуги за вработување за 2018 и 2019 година во која НЕ Е ПЛАНИРАН БУЏЕТ И ОПФАТ НА ЛИЦА, освен во 2019 година но само за промоција на непостоечката, имагинарна мерка за вработување на младите во Македонија.

Младите се оставени сами да се снаоѓаат во изминативе 3 години и секој нивни личен успех да се вработат или да го продолжат образованието, СДС административно го евидентира за да го прикаже како активна мерка за вработување.

Пишува: Горан Јовановски

Коронавирус