недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 29
home Вести

Млад Французин се загуби на Пелистер, пронајден е на полноќ уморен и исплашен

Млад Французин се загуби на Пелистер, пронајден е на полноќ уморен и исплашен

Планинари спасувачи од Дирекцијата за заштита и спасување – Битола успешно ја завршија потрагата по турист од Франција кој вчера залутал низ моликите на планината Баба.

Гостинот од Франција на возраст од околу 23 години, престојувал во Битола, а викендот го искористил за планинарење, но се загубил во пределот под врвот Пелистер, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување во Битола.

-Потрагата по момчето ја почнавме веднаш по пријавата дека не контактира со своите домаќини. Го пронајдовме околу полноќ во непосредна близина на Мало Езеро, под антената на Пелистер. Момчето беше вознемирено, уморно и уплашено. Го прифативме, му дадовме вода и храна, а од денес е со своите пријатели на гости во Битола, изјави Петар Нолев, член на тимот спасувачи од Битола.

Коронавирус