вторник, 15. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Млад човек од Слупчане го напушта родното место: Прости ми мајко што заминувам, но тука немам излез (ФОТО)

Млад човек од Слупчане го напушта родното место: Прости ми мајко што заминувам, но тука немам излез (ФОТО)

Џавит Идризи од Слупчане го напушти родното место и во отсуство на каквa било перспектива тука, замина во правец на западните земји. Во оваа прилика тој направи емотивна посвета на фејсбук, изразувајќи ја болката од разделбата од неговата мајка, родното место и семејството.

– Прости ми мајко што те растажувам, но маката ме натера да заминам, право да ти кажам не знам каде ќе одам и каде ќе застанам“, напиша Идризи на Фејсбук, пренесува весникот Лајм. Село Слупчане е едно од најпогодените села во општина Липково поради миграцијата. Со оглед на тоа што селото, кое беше упориште на УЧК во 2001 година, сега остана без поголемиот дел од својата младина.