понеделник, 24. јуни 2019. Вести денес: 90
home Вести

МКФ во црнина, тага по загинатиот кошаркар: Поради трагедијата, одложен Купот на Македонија

МКФ во црнина, тага по загинатиот кошаркар: Поради трагедијата, одложен Купот на Македонија

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) поради трагичната сообраќајна несреќа на автобус која се случи на автопатот Скопје – Тетово и во која загинаа наши граѓани од Гостивар, реши да ги одложи натпреварите од Купот на Македонија.

Четиринаесет лица го загубија животот, меѓу нив и еден кошаркар, па од „куќата на кошарката“ соопштија дека настанот се одложува.

„Трагична сообраќајна несреќа синоќа ја зави Републиката во црно, четиринаесет лица го загубија животот меѓу кои и млад кошаркар од клубот Гостивар.

Поради новонастанатата ситуација Македонската кошаркарска федерација во согласност со организаторот донесе одлука да го одложи завршниот турнир од Купот на Македонија кој требаше да се одигра претстојниот викенд.

Ниту еден збор нема да биде доволна утеха за блиските на настраданите.

Искрено сочуство до семејствата и пријателите на загинатите“, велат во соопштението од МКФ.

Завршниот турнир од Купот неофицијално ќе се одигра пред крајот на март или почетокот на април. Термините дополнително ќе бидат утврдени.