среда, 24. октомври 2018. Вести денес: 0
home Вести

МКД.МК го објави транскриптот од договорот со Грција: Заев прифатил бришење на зборот Македонија на институции, во лични документи

МКД.МК го објави транскриптот од договорот со Грција: Заев прифатил бришење на зборот Македонија на институции, во лични документи

Викендов министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, треба да го потпишат договорот за промена на името на Република Македонија.

На потпишувањето, веројатно некаде во Преспа, ќе присуствуваат и премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас. Уште необјавен, овој договор веќе предизвикува голем број реакции дека се прифатени речиси сите услови поставени од грчка страна.

Вчера некои грчки медиуми го објавија договорот, иако било договорено тоа да се направи по прифаќањето на овој документ од двете влади. Преводот што МКД.мк го објавува е според содржината објавена во грчкиот весник Катимерини.

ЦЕЛИОТ ТРАНСКРИПТ ОД ДОГОВОРОТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ НА МКД.МК