сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 31
home Вести

Мизрахи: Заев врши ретуширање на историјата за политички потреби, свесен ли е колку е навредена мојата заедница

Мизрахи: Заев врши ретуширање на историјата за политички потреби, свесен ли е колку е навредена мојата заедница

Во вечерашното издание на емисијата „Јади бурек“, гостуваше пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи, која истакна дека Заев врши ретуширање на историјата за политички потреби, па го праша премиерот Заев дали е свесен колку е навредена еврејската заедница во Македонија.

-Ретуширање на историјата поради дневно политички потреби не може да се дефинира во ниеден договор како говор на омраза, па по ова би прашала Заев знае ли колку е мојата заедница навредена од договорот – праша Мизрахи.

Мизрахи вели дека во моментов гледаме обиди за да се демаскира евројското прашања а недозволиво е бегање од историските факти, како што е недозволиво негирањето на Холокаустот, како и тоа дека еврејското лоби нема да дозволи никаков демант на Холокаустот.

-Македонија е зависна во своето постоење од историјата, а ниедна иднина не се гради без историја, па во два наврати оваа власт се обидува да креира иднина заборавајќи на историјата, добро е да се има добрососедски договори, но каде е тука „добриот сосед“, а не се сеќавам да сме имале спорни ситуации ние како земја и да сме биле ние лош сосед, овие договори по тоа не се нималку добрососедски договори, потенцираше Мизрахи.

Мизрахи рече дека лошата реторика на Бугарија наликува на политика која има територијални претензии, но треба да се вртиме кон нашата политика тука и нашите интенции, во целиот говор на политичарите во Бугарија, нашата влада ја нема никаде, имаме молк од страна на премиерот, а со најдоа многу прашања за кои народот е на удар, а за истото премиерот нема одбрана што дополнително ги револтира граѓаните.

Во однос на протестите кои ги организира ВМРО-ДПМНЕ, таа истакна дека станува збор за сенародно движење на кое се повеќе луѓе од различни партии присуствуваат меѓу кои и симпатизери и на СДСМ,

Таа се освра на делот од договорот односно Членот 11 став 6 кој вели дека „двете договорни страни ќе превземат ефикасни мерки за спречување на недобронамерна пропаганда“, договорите мора да се пишуваат прецизно, затоа што ова не е хартија, туку е меѓународен договор, кој вели дека „од страна на институции и агенции и ќе обесхрабруваат дејности на приватни субјекти“, во овој момент можеби нашиот разговор е дејност меѓу приватни субјекти каде што се зборува за историски факти кои што Заев сака да ги ретушира, па по ова можеби и ќе има ефикасни мерки кои ќе следат против мене после овој разговор, објасни Мизрахи.

Најнови вести

Коронавирус