понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 58
home Вести

Мизрахи: Заев вели била „администрација“, Шекеринска вели да ја заборавиме историјата, а 83 членови на мојата фамилија никогаш не се вратија

Мизрахи: Заев вели била „администрација“, Шекеринска вели да ја заборавиме историјата, а 83 членови на мојата фамилија никогаш не се вратија

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи, вели дека не може да се избега од историските факти, за сега Заев да вели дека депортацијата била администрација, додека Шекеринска вели да ја заборавиме историјата, а посочи дека 83 членови на нејзиното семејство никогаш не се вратиле од Треблинка.

Мизрахи вчера во емисијата „Јади бурек“ објасни дека 1941 година Евреите од Македонија се ставени во Тутунскиот комбинат во три комвои на 22, 26 и 28 во 40 точни вагони, обележани со бугарска државна железница, се однесени во Треблинка и никој од таму се нема вратено.

Таа рече дека има јавно достапна документација иако Борисов тврди дека никогаш не го видел Законот за заштита на нацијата, нашата заедница не сака да зборува за ова прашање затоа што е навреда третирањето на нашите роднини како животни, меѓутоа ваквото законско спроведување на масакар на луѓе, овој закон е поминат во бугарското собрание со указ од цар Борис, број три на 21 јануари 1941 година, и веднаш после тоа се носи уште еден закон, тоа е законот за еднократниот данок, двата закони се донесени два месеци пред Бугарија да пристапи кон сојузниците односно Хитлер.

-На територија на Македонија во 1942 година се спроведува законот, тоа не било герила акција туку спроведување на закон, каде се врши обележување на еврејските куќи, се прави пописна листа на сите Евреи има полициски час за евреите по 18 часот, се ставаат жолтите значки на Евреите, им се забранува секаква јавна функција и работен однос, и се прават листите за депортација, дополнително се отвара Конто 343 во бугарската народна банка и сите пари кои доаѓаат од Евреи се префрлаат на тоа конто, па ги продавале своите имоти за да се прехранат, а парите завршувале на тоа конто, општо пљачкосување и грабеж, посочи Мизрахи.

Таа додава дека на 22 февруари 1943 година Белев во име на владата и цар Борис, потпишува договор со германската амбасада со тогашниот амбасадор Бекерле за депортација на 20,000 Евреи.

-Ова се историски факти кои се случиле иако не ми е лесно да говорам, Мизрахи од Скопје, се депортирани и никогаш не се вратија 83 членови на мојата фамилија, вели Мизрахи.

Пратеничката посочува дека сега премиерот сега ќе ја нарече таа депортација администрација, но администрација не воведува воена структура, поставува гранични премини, законодавство, своја полиција и свое бугарско образование на окупираните територии.

Мизрахи истакна исто така дека е под целосен шок од изјавата на министерката Шекеринска која вели „да ја заборавиме историјата, да пуштиме тоа што се случувало пред 70 години, треба да ја гледаме иднината“, па праша кои сме ние без нашите херои, и на кое министерство ќе беше таа да не беа тие херои, министер за одбрана треба да биде министер за одбрана на својата држава, не да кажува како ќе се менува историјата.

Коронавирус