вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 125
home Вести

Мизрахи: За 27 април се манипулира јавноста, тоа не беше тероризам и тоа го кажа народот во неделата на протестот за уставобранителите

Мизрахи: За 27 април се манипулира јавноста, тоа не беше тероризам и тоа го кажа народот во неделата на протестот за уставобранителите

Да не се манипулира со јавноста за 27 април и за тоа имаше оддек во неделата. Тоа беше реакција на народот, рече Рашела Мизрахи, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија Канал 5 во емисијата Само вистина.

-Како владеачко мнозинство треба да гледате што се случува во земјата, аферите, скандалите, нарокартелите.
На крај, меѓународната заедница излегува со извештаи и се гледа каде е Македонија, рече Мизрахи.

Таа посочи дека барањата на ВМРО-ДПМНЕ се враќање на процесот затоа што не станува збор за тероризам.

Спред неа процесот никако не може да биде за тероризам, за насилство и слично да можеби, односно требало да се постапува за други казнени дела не за тероризам.

„Целосно ја има власта СДСМ се исчистија ли криминалците. Се ојавуваат нови криминалци и тоа од редовите на СДСМ“, рече Мизрахи обраќајќи се на Мартин Костовски од СДСМ кој беше дел од дебатата.

ЕУРО 2020

Македонија