среда, 2. декември 2020. Вести денес: 158
home Вести

Мизрахи во посета на Специјалниот завод- Демир Капија: Овие услови се нехумани и нечовечни, а од ветеното реновирање нема ништо

Мизрахи во посета на Специјалниот завод- Демир Капија: Овие услови се нехумани и нечовечни, а од ветеното реновирање нема ништо

Дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Рашела Мизрахи вчера беше во посета на специјалниот завод Демир Капија од каде објави и свој статус на Фејсбук.

-Синоќа бев во посета на Јавната установа ,,Специјален завод – Демир Капија”.
За хуманоста во условите во коишто престојуваат овие корисници не можам да зборувам. Овие услови се нехумани, нечовечни. Ова е чист ужас. Од најавените поправки на Специјалниот завод можеме да најдеме исфарбани ѕидови, додека инсталацијата водоводна, електрична е сѐ уште онаа од 56-та односно 58-ма година. Условите за хигиена се никакви, луѓето се препуштени сами на себе. Од помпезните најави можам да го кажам следново: на почетокот на владеењето на Социјалдемократскиот сојуз оваа установа имала 227 корисници со 41 неговател. Тоа значи еден неговател секој ден се грижел за 6 корисници. Мисијата е невозможна. На еден корисник треба да има еден неговател, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Најнови вести

Коронавирус