петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 203
home Вести

Мизрахи во посета на семејството во Шуто Оризари по трагедијата: Ќе сторам сѐ што е во моја надлежност да им помогнам

Мизрахи во посета на семејството во Шуто Оризари по трагедијата: Ќе сторам сѐ што е во моја надлежност да им помогнам

Со голема тага ја примив веста за смртта на двете деца во пожарот во Шуто Оризари. Како родител, се сочувствувам со големата болка што ја почувствуваа, денес, нивните родители.  Тоа е огромна човечка трагедија чија загуба е ненадоместлива и која не може да се изрази со зборови. Но, мора да се остане силен и човечен.

Ова го посочи техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, која вечерва го посети семејството на кое му се слчи вистинска трагедија.

-Ќе сторам сѐ што е во моја надлежност, да им помогнам на семејствата. Знам, дека болката е ненадоместлива, но нивните браќа и сестри ќе ја имаат мојата максимална поддршка во секој поглед. За таа цел, како Министерство за труд и социјална политика им е понудено сместување и еднократна парична помош.

Инаку, во пожарот што попладнево се случил во населбата Шуто Оризари загинале две деца на возраст од три години и година и половина.

Според информациите од Противпожарната единица, децата биле во куќата во моментот кога плафонот од собите паднал и се урнал врз нив.

Од Противпожарната единица информираат дека пожарот бил пријавен околу 13:25 часот на улицата „Брсјачка буна“. Интервенирале околу 15 пожарникари со неколку возила.

Коронавирус