петок, 3. април 2020. Вести денес: 1
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Мизрахи во посета на многудетното семејство Комненови во Кучевиште

Мизрахи во посета на многудетното семејство Комненови во Кучевиште

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи денес беше во посета на семејството Комненови во Кучевиште.

-Ние како министерство за труд и јас како министер се грижиме за ова многудетно семејство, кои живеат во лоши услови. Среќна сум кога ќе видам семејство што има многу деца, кога ќе видам исполнета куќа со џагор, смеа и среќа. Децата се наше најголемото богатство и сите ние како индивидуи треба да се грижиме за нив. Во соработка со претставници од МТСП му помогнавме да направи барање за еднократна парична помош во износ од 30.000 денари и дополнително го информиравме за можноста да семејството добие детски додаток и додаток за образование, рече таа.

Семејството изрази голема благодарност за помошта што министерката во соработка со Црвен Крст ја додели, како и за помошта за средствата кои тие можат да ги добијат како семејство.

Коронавирус