петок, 30. јули 2021. Вести денес: 109
home Вести

Мизрахи: Власта во насилен напад како кон мене, сега се обидуваат да го направат истотото со Наќе Чулев

Мизрахи: Власта во насилен напад како кон мене, сега се обидуваат да го направат истотото со Наќе Чулев

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ од пратеничката листа во втората изборна единица, Рашела Мизрахи, вечерва во емисијата „Заспиј ако можеш“, на Алфа телевизија, истакна дека власта со насилното сценарио за нејзиното разрешување од министерска функција, сега истото му се прави на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, кој сега на власта им е виновен за се.

-Народот препозна дека нема никакво дело за кое треба да бидам разрешувана, дека целото изгледаше како едно насилно сценарио, во кое јас бев виновна за се, апропо на тоа сега гледам министерот Наќе Чулев е исто виновен за се, вели Мизрахи.

Таа критикуваше дека не може на власта еден човек да и биде виновен за сите работи, како и тоа дека власта помпезно ја злоупотребува својата положба со конкретен план за да се нанесе штета на поединци, како во случајот со нејзиното разрешување.

Коронавирус