понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мизрахи со иронична објава: „ВМРО имаше цели 12 години на располагање, да набави вакцини за КОВИД-19“

Мизрахи со иронична објава: „ВМРО имаше цели 12 години на располагање, да набави вакцини за КОВИД-19“

ВМРО беше на власт 12 години или со речникот на СДС: ВМРО имаше цели 12 години на располагање, да набави вакцини за КОВИД-19, но за жал, кусогледата негова политика не ја предвиде пандемијата и не мрдна со прст истата да ја спречи!, иронично коментира на својата Фејсбук страница пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи а се однесува на неспособноста на владата предводена од СДСМ и Зоран Заев.

Во продолжение целата објава на пратеничката Мизрахи:

ВМРО беше на власт 12 години или со речникот на СДС: ВМРО имаше цели 12 години на располагање, да набави вакцини за КОВИД-19, но за жал, кусогледата негова политика не ја предвиде пандемијата и не мрдна со прст истата да ја спречи!

Непростиво!

И за секоја осуда!

Цели дванаесет години власт, а ВМРО не успеa да ја доведе земјата во рецесија, па тоа е смртен грев што никако не може да биде простен!

Цели дванаесет лета имаше ВМРО за да ја уништи банката на Трифун Костовски, но ништо, мандатот да заврши без ниту една пропадната банка!

Не една, туку дванаесет години имаше ВМРО на располагање за да се урниса маката на тутунарите и цената на тутунот да се сруши до безобразие, но ништо, наместо да пустоши, „неспособното“ ВМРО и „Белата Палата” дополнително го вреднуваа трудот на тутунарите со субвенции од државната каса!

Веднаш да излезе ВМРО и да каже, зошто во дванаесет години ниту еднаш не се случи да посадат ниту една семка на Канабис Сатива за да создадат фирми за лично богатење, што во голем дел ќе ги aкцелерираше „демократските” процеси во земја.

Дванаесет години ВМРО имаше на располагање да донесе диносауруси во градскиот парк!

Цели дванаесет години!

Но што направија тие, драги мои дами и господа?!

Нѐ донесоа ниту опашка од диносаурус на кој можеа да му се радуваат „прогресивните” елементи на нашата земја и тоа дванаесет пати по 365 денови во годината!

Срамот е психолошка категорија и од него не се бега. ВМРО вечно ќе живее со „срамот“ за неизградениот скопски Јура парк!

Веднаш да излезе ВМРО да каже зошто една цела декада не го смени името на државата, зошто не преговараше за јазикот со фуснота, македонските малцинства и историја!

На „неспособното” ВМРО во цели дванаесет години ниту еднаш не му откажа компјутерскиот систем во ноќта на пребројување на гласовите, ниту еднаш не се обиде да избере претседател без 61 крената рака!

И на крај, во цели дванаесет години ВМРО не успеa да го урне достоинството на македонската држава насекаде во светот.

Тоа се фактите поради кои ние „грешните вмровци“ долго нема да можеме да заспиемe мирно!

Туку како спиете вие?, ироничко прашува Мизрахи.

Коронавирус