среда, 2. декември 2020. Вести денес: 39
home Вести

Мизрахи: Шкријељ со сеење на страв и заплашување се обидува да го попречи извршувањето на работните задачи на вработените

Мизрахи: Шкријељ со сеење на страв и заплашување се обидува да го попречи извршувањето на работните задачи на вработените

Иако од моја страна како министер беше понудена соработка за нормално функционирање на институцијата во полза на граѓаните, од страна на дополнителната заменик министерка наидовме на свесно опструирање на тековното работење на министерството, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакна дополнителниот министер за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.

-Дополнителната заменик министерка Санела Шкријељ изминатиот период со сеење на страв, заплашување и уцени, пробува да го попречи извршувањето  на работните задачи на вработените во Министертвото за труд и социјална политика. Вработените се во постојан стрес и страв поради заплашувањата кои секојдневно ги добиваат од дополнителната заменичка и поради тоа истите се плашат да соработуваат и да ги извршуваат своите редовни работни задачи. Непознавањето и непочитувањето на Законот за влада на Република Македонија дополнителната заменик министерка Шкријељ го потврдува преку меил комуникацијата и преку незаконски и беспредметнни дописи до вработените во министерството. Таа злоупотребувајќи  ја  својата позиција и со доза на закана прави притисок врз вработените да постапуваат спротивно на закон, за што имаме и соодветни докази, рече Мизрахи.

Таа додава дека поради горенаведените причини, а со цел да обезбедиме нормално и непречено функционирање на редовните работни процеси, согласно член 48 од Закон за Влада  на ден 27.01.2020 година се обративме со барање за донесување на Одлука од страна на Државната изборна комисија за  конкретни предмети:

  1. Решение за формирање на Комисија за вршење на непосреден увид во исполнетоста на условите за отпочнување со работа  и вршење на дејноста на приватна установа за деца- детска градинка и
  1. Решение за распоредување и Решение за плати.

-Од страна на државната изборна комисија е донесена одлуки со која утврди дека донесените решенија, не претставуваат акти или документи кои се однесуваат на правни, финансиски, кадрови прашања поврзани со организација на изборите, од член 46 став 3 од законот за влада на република Македонија. со ова, се потврдува дека дополнителната заменик министерка Санела Шкријељ, незаконски постапувала и го спречувала нормалното функционирање на министерството за труд и социјална политика. ги охрабрувам вработените, кои се докажани професионалци, да не се плашат и да не подлегнуваат на никакви притисоци а работните задачи да ги извршуваат без страв и притисок согласно закон, независно од политиката и да работат во полза на граѓаните на Република Македонија, истакна Мизрахи.

Коронавирус