сабота, 28. март 2020. Вести денес: 90
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Мизрахи: Секојдневно излегуваат докази за опструкција на работата на МТСП

Мизрахи: Секојдневно излегуваат докази за опструкција на работата на МТСП

Секојдневно излегуваат докази за опструкција на работата на Министерството. Од директорите на Центрите за социјална работа било побарано да го известат Министерството за нивно мислење, препораки, забелешки и проблеми со кои се соочуваат по однос на законските измени и системот на интегрирано управување со случај, а од нивна страна добиле идентични позитивни одговори за кои претходно им биле дадени инструкции од страна на кабинетски службеник на дополнителната заменик-министерка.

Ова го истакна техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.

„Докази за притисоците и нефункционалноста на социјалната реформа се и пристигнатите петиции од вработени со кои бараат промена на новата програма за работа, која според нив e целосно несоодветна за работа со стручната проблематика, што пак ќе резултира со тоа центрите да затаат во функционирањето.

Овој систем ќе биде дисфункционален баш во периодот на предизборието што остава место да се размислува за манипулација преку МТСП од страна на дополнителната заменик-министерка. Јас сум свесна дека овие работи треба да се решаваат во самото Министерство, а не преку медиумите, но не наидов на позитивен одговор иако неколкупати подадов рака кога дојдов во Министерството.

Направивме неколку состаноци на кои побаравме достоинствено да го износиме товарот во предизборието. Станува збор за само сто дена, период во кој треба да стоиме гордо сите заедно и да покажеме пред граѓаните и меѓународната заедница дека можеме, но тоа не го дочекавме од спротивната страна“-обелодени таа.