недела, 1. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Мизрахи: Не суди на никого додека не изодиш пат во неговите чевли

Мизрахи: Не суди на никого додека не изодиш пат во неговите чевли

Во тешкото се бројат јуначките срца. И само злонамерните ќе кажат лош збор за човекот со срце и храброст да застане на чело на пеплосаното и разочарано ВМРО со бела ,,палата” на прашина и тишина пред три години.

Старите велат: ,,Не суди на никого додека не изодиш пат во неговите чевли”.

Зарем му беше лесно на Христијан Мицкоски изминативе три години?
Дали било што во оваа битка направи за себе или само стоеше храбро за партијата и Македонија!?
Зарем со еден збор навреди или повреди било кого или остана интелектуалец и Господин и покрај поројот гадости со кој се обидуваа да го урнат и неговото и патриотското и партиското и Македонското достоинство!?

И сѐ уште и до крај тој човек е подготвен на саможртва за својот народ и татковината. А кој не мисли така и тоа не го гледа, не ни мисли и е слеп при очи, или сака да ја игра онаа човек на човека душман.

А на сите оние кои мислат дека сето ова е за фотелји, јасно и гласно кажувам:
Земете ги, носете ги…

Чуму фотелји ако немам држава!!!

Претседателе за Вас се зборовите на големиот Винстон Черчил:

,,Во војната решителност. Во поразот пркос. Во победата великодушност. Во мирот: добра волја!”

Главата Горе Македонијо!

Коронавирус