вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 162
home Вести

Мизрахи: Нашите училишта не се како во Финска, со стерилизација на секој час, избрзаното отворање на градинки и училишта би било погубно

Мизрахи: Нашите училишта не се како во Финска, со стерилизација на секој час, избрзаното отворање на градинки и училишта би било погубно

Во вечерната „Што не е јасно“ на Алфа телевизија, Рашела Мизрахи, пратеник во Собранието на Република Македонија, истакна дека во споредба со останати земји напите училишта не се како во Финска каде има строги протоколи а се стерилизираат училниците на секој час, кај нас би било погубно избрзаното отворање на градинките и училиштата.

Таа вели дека ако се решаваме за онлајн настава не може да има ваков варијабилитет во одлуките дали постарите ученици кои што имаат повисоко ниво на свесност и самоконтрола за да се изолираат ќе останат онлајн, а помладите да бидат оние кои ќе одат на училиште, незнаејќи со какви капацитети располагаме.

-Генералната слика во Македонија е дека не се ова фински училишта. Финска и Шведска не ги затвоорија своите училишта затоа што основните училиштатаму имаат во просек 15тина ученици во паралелка, во средните училишта по 20тина ученици, имаат стриктни протоколи за движење, за користење тоалет, за секвенционирано користење на простории, стерилизација еднаш на еден час, учителите не смеат да користат исти простории како учениците, вели Мизрахи.

Мизрахи порача дека е страшно ризично да се носат брзи одлуки , и препораката на УНИЦЕФ е да не се избрзува со одлуките.

Таа исто така посочи дека ако се одлучело да има онлајн настава, требало да се види достапноста за интернет на учениците и дали имаме програми за онлајн настава,дали имаме спремни наставници, по статистика од Светска банка 15% од нашите ученици немале достапност до комјутер, застојот од присуството може да направи и регрес во знаењето кое веќе го имаат, вели Мизрахи.

Таа посочи дека не се направија доволно анализи и аналитички пресметки по сите овие посочувања, но и од многу други значајни фактори, и дека избрзаното одлучување на ова поле може да биде погубно.

Коронавирус