среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 158
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Мизрахи: Наместо да ја критикуваат мојата работа, бев мета на антисемитски напади- каде е таблата не ја прашувајте Мизрахи, прашајте ја Мила

Мизрахи: Наместо да ја критикуваат мојата работа, бев мета на антисемитски напади- каде е таблата не ја прашувајте Мизрахи, прашајте ја Мила

Најпрво би сакала да и се заблагодарам на сите граѓани на Република Македонија, на ова собрание и на партијата ВМРО ДПМНЕ за укажаната доверба и номинацијата да бидам министер во техничката влада на Република Македонија. Ми претставуваше посебна чест да им служам на граѓаните, вака вечерва од собраниската говорница го започна својот говор техничката министерка за Труд и социјална политика Рашела Мизрахи.

-Да бидам министер во техничка влада во услови на поодмината и долготрајна политичка криза е голем предизвик. Но, желбата да им се помогне на граѓаните е вредна човек да се соочи со сите предизвици. Нарушените меѓучовечки односи, непостоење на вредности, распад на систем, криење на проблемите, очајни граѓани исплашени вработени во министерството, тоа се проблемите на министерството за социјална политика. Уште не влезена во министерството како прва Еврејка во историјата на Македонија назначена за министер во влада бев мета на антисемиски напади од лица кои ниту бираат средства ниту начин ниту зборови. Па наместо да ја критикуваат мојата работа, ја критикуваа мојата верска и национална припадност и ме обележаа со жолта ѕвезда. Јас разбирам дека право и должност на секој овесен граѓанин е да ја критикува јавната личност односно политичарот кој сепак е одбран од него. Но, не можам да разберам кога некој ве критикува поради верската и националната припадност. Последен кој што тоа го правеше е Гебелс. Луцидите напади ги осудија и претставниците на ОБСЕ во Македонија, а за волја на вистината со бледо соопштение за ова излегоа и токму оние кои го оркестрираа. Почитувани, сите тие напади кон мене кои што започнаа против мене со антисемитизам се засилуваа со секој мој јавен настап во кои со факти и докази презентирав на македонската јавност дека систем е дисфункционален, а министерството за труд и социјална политика е блокирано со илјадници нерешени предмети, ужасна кадровска политика и сето тоа на грбот на граѓаните. Конечно хајката против еврејката Рашела Мизрахи немајќи за што друго спин докторите на партијата на власт и нивните гласноговорници во очаен обид да ја прикријат вистинската слика за она што се случува во државата и министерството, погубните политики на СДСМ чии лидери бараат спас од нас наместо да се фатат за својата работа заврши и кулминира со евтина театарска претстава наречена таблата во Министерството за труд и социјална политика. Наместо да ме остават да им помогнам на болните, инвалидите, децата и најранливите во ова општество и помогнаа на вице премиерката Царовска својот грев за непроменување на таблата од само за нејзе познати причини да ми биде препишан мене, вели Мизрахи.

Таа додава дека наместо таа да објасни за натрупаните нерешени случаи за донесеното законско решение case management кое е апсолутно дисфункционално за криминалите кои што ги направила врз синдикатите со сета сила најлесно беше да ја истури својата неспособност и некомпетентност на некој друг и да го обвини за истото. Почитувани пратеници, Не ја прашувајте Рашела Мизрахи прашајте ја Мила каде е новата табла? Јас сум граѓанин на Република Македонија кој никогаш не го прекршил ниту уставот ниту законите а Република Македонија, Република Македонија е таа затоа што за неа на 19 години загина народниот херој Лиман Каба го положи својот живот.

-Република Македонија е затоа што Баби Садо Хамез изгуби нога во Втората светска војна. Република Македонија е затоа што мојата баба, Ризова Трајанка и нејзината бригада „Добри Даскалов“ пет години крвареа. Поради Коста Солев Рацин, Република Македонија е поради Јордан Пиперката, Даме Груев и Карев. Република Македонија е затоа што нејзината идинина лежи во нејзината историја, а без историја нема иднина. Реалноста денес е дека парламентарното мнозинство ја заборави историјата, барајќи иднина. Јас сум Рашела Мизрахи горда еврејка од Македонија! Ви благодарам!, рече Мизрахи.