понеделник, 2. август 2021. Вести денес: 57
home Вести

Мизрахи: Мешањето на моделите за справување со вирусот направи тотален хаос, никој не верува во бројките, се кријат податоци

Мизрахи: Мешањето на моделите за справување со вирусот направи тотален хаос, никој не верува во бројките, се кријат податоци

Рашела Мизрахи, поранешниот технички министер за труд и социјална политика, сега кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во втората изборна единица, синоќа во „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија, во однос на ситуацијата со вирусот крикуваше за мешање на моделите за справување со коронавирусот на здравствените власти кои, како што вели, направиле хаос во состојбата со вирусот.

-Ова е мешање на модели за справување од кои се направи хаос, генерално народот не верува на бројките кои ги слушаме секој ден, на бројот на заболени и смртни случаи, се верува дека се кријат податоци, тотално хаотична ситуација, вели Мизрахи.

Таа вели дека не верува дека ова е втор бран, верува дека ова е прв бран, како и тоа дека ако власта веќе решила да оди на спонтана имунизација на населението, треба да се направи анализа, да се видат капацитетите во првостепеното, секундарното и терцијарното здравство, како и помошниот персонал, како и она што се располага од опрема, да се направи план за да може да се очекува и тој втор бран.

-Во овој момент со над 700 медицински работници заболени од Ковид ние немаме шанси да се справиме со никаков бран, ни овој, ни наредниот, потенцираше Мизрахи.

Коронавирус