понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 97
home Вести

Мизрахи: Македонија е моја држава, јас сум дома и ова е мој народ, антисемитизам во оваа држава ниту постоел, ниту ќе постои

Мизрахи: Македонија е моја држава, јас сум дома и ова е мој народ, антисемитизам во оваа држава ниту постоел, ниту ќе постои

Јас сум родена и одрасната во Република Македонија и во одреден момент ја напуштив државата и го продолжив образованието надвор, долго време не бев во државата и се вратив во 2014 година и јас сум од оние луѓе кои се вратија дома, ова денеска го истакна техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи на поставеното новинарско прашање „како ги коментира нападите врз неа упатени од членови на СДСМ?“

-Македонија е моја држава, јас сум дома и ова е мој народ. Нема да дозволам никој да го обележи мојот народ како антисеминистички. Јас сум растена во средина во соживот и со Македонци, и со Албанци, Турци, Срби, Бошњаци и луѓе од различни етнички, национални и верски припадности. Никогаш тоа не било прашање, никогаш не ми се поставило прашањето на моето име. Конечно на ниеден од јавните личности во политиката не се постави прашањето од која национална, етничка или верска припадност се. Дали ќе беше спорно доколку ќе бев Србинка, Влаинка, Турчинка? Антисемитизам во оваа држава ниту постоел, ниту ќе постои, вели Мизрахи.

Таа додава дека во текот на втората светска војна од нејзиното семејство се однесени од Македонија 83 членови.

-Додека сите вие имате широки семејства, јас тоа го немам, сите се убиени во Треблинка. Го носам името на една од моите тетки, срамно е во политичка битка да се користат вакви алатки, потенцира Мизрахи.

Коронавирус