вторник, 11. август 2020. Вести денес: 91
home Вести

Мизрахи: Ќе донесеме еднаквост меѓу сите

Мизрахи: Ќе донесеме еднаквост меѓу сите

Рашела Мизрахи, кандидат за пратеник на листата на кандидати од 2 ИЕ денеска пред Музејот на македонската борба се осврна на тоа дека мора да се победи омразата која постои.

„Често пати се слуша призвук на антисемитизам во Република Македонија. За мене малку погласно од јануари годинава. Моето семејство е дојдено во Република Македонија по прогонот во 1492 од Шпанија, значи старо скопско семејство. Никогаш не се чувствував поинаква, никогаш не ми беше спомнато зошто моето е вакво или онакво, или дали сум поинаква која е мојата верска или национална припадност. Напротив се чувстував како една од сите и сеуште се чувствувам исто“, рече Мизрахи.

Таа даде и одговор и објаснување за тоа што е антисемитизам. Мизрахи кажа „кога ќе се спомне антисемитизам веројатно помислувате на Втората светска војна и оние 6 и пол милиони жртви Евреи, си помсилувате на Аушвиц, Треблинка ги занемаруваме сите останати жртви и тие треба да се споменат не само Евреите“.

Мизрахи рече дека занеа „антисемитизам е она кога омразата и гневот ќе преминат во лудило, а лудилото ќе премине во пандемија“.

„Зошто е важно да зборуваме за антисемитизам, затоа што во основа е омраза која ги поткопува темелите на демократијата и им се заканува на слободните граѓани. Тоа значи дека антисемитизмот не ги афектира само Евреите, ги афектира сите затоа велиме дека тој почнува со Евреите, но никогаш не завршува со нив. Јас сум длабоко благодарна на сите оние кои изреагираа на оние бурно инсценирани политички нападите врз мене се надевам ќе го вратиме ритамот на живот во кој сите сме еднакви“.

Коронавирус