петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Мизрахи: Говорот на омраза е војна, во која што прво умира вистината

Мизрахи: Говорот на омраза е војна, во која што прво умира вистината

Околу фамозниот антисеминизам кој ненадејно се појави во република Македонија откако владата на Заев експресно ја разреши екс министерката за социјала и труд од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, таа во вечерашната емисија “Заспиј ако можеш” истеакна дека нејзниниот народ, односно македонскиот народ не е антисемит. Меѓутоа дали таа се соочи со истото или се слушна ехо на антисемитизам, таа рече дека за тоа нема никакви дилеми.

-Добивам пораки на Фејсбук и како приватни пораки, тие би требало да бидат вознемирувачки, но тоа е една моментална омраза која е поттикната политички. Говорот на омраза е војна, во која што прво умира вистината. А вистината е дека јас сум само граѓанин на Република Македонија кој што растеше во Аеродром, во зграда во која што имаше и Македонци, Албанци, Срби, Власи и Турци. Вратите не ни беа затворени. Ние живеевме како едно семејство, се делевме само како деца од различни училишта или деца кои што имаа петки, четворки или тројки. Во средно се делевме на Корчагинци, Бросовци или луѓе од Орце, а понатаму се делевме преку факултетите или кој што инструмент го свири. Но, никогаш не се поделивме вистински. Ние Евреите сме 500-тини години тука, моето семејство е дојдено 1492 година во Македонија. Си ја почитуваме традицијата и верата, но ја почитуваме и на останатите и сакаме да живееме во мир и спокојство со сите, рече Мизрахи.

Коронавирус