сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 21
home Вести

Мизрахи до Заев: Дедо ми е тепан со палки по табаните, дека немало бугарски фашистички окупатор, дали уште стоите на ставот дека тоа било администрација?

Мизрахи до Заев: Дедо ми е тепан со палки по табаните, дека немало бугарски фашистички окупатор, дали уште стоите на ставот дека тоа било администрација?

На денешната собраниска седница пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи ги посочи со фотографии од собраниската говорница, членовите на нејзиното семејство кои се однесени во логорот Треблинка во 1943 година и не се вратиле од таму, освен нејзиниот дедо, па го праша Зоран Заев дали сеуште стои на ставот дека тепањето на најзиниот дедо по табаните со палка било администрација.

-Господине Заев дали знаете кој е овој, тој е Страшо Пинџур чие тело било однесено во непозната локација, а началникот го опишал неговото мачење, па бил тепан до смрт, господине Заев ова е Мирче Ацев прогласен за државен непријател на бугарската фашистичка окупаторска власт во Македонија кој имал дури 27 година само исто како Страшо Пинџур, за него велат дека одбил да даде било какви податоци па бил тепан по табаните, знаете оние тепања со палки по табаните „сичко знам, сичко ќе приказвам“ и дедо ми е тепан со нив дека немало бугарски фашистички окупатор, истакна Мизрахи.

Мизрахи му посочи на Заев за Мучето како граѓанин на Струмица кој бил убиен на струмичките улици од куршум на бугарски полицаец, нешто кое било напишано на споменикот за кој сега тој наредил со електрична брусилка да се избрише зборот бугарски од споменикот, за кое Заев признал јавно.

-Дали господине Заев сеуште стоите на ставот дека Бугарија во времето на Втората светска војна била администратор на Македонија,а не фашистички окупатор оти мојата фамилија не е отепана со пенкало, дали уште стоите на ставот дека бугарските војски ги ослободувале Крива Паланка, Куманово и Скопје, свесни ли сте дека со изјавата за БГНЕС дека Петрич и Струмица зборат на ист јазик дали е бугарски или македонски сте на иста линија со негаторските политики на нашиот источен сосед со кои се негира постоењето на македонскиот јазик и негово сведување на нормата на бугарскиот јазик, па по тоа дали зборувате на македонски или на бугарски јазик и ако говорите на македонски јазик, тогаш дали петричкиот дијалект е дијалект на македонскиот јазик ? – праша пратеничката Рашела Мизрахи од собраниската говорница.

Коронавирус