понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 44
home Вести

Мизрахи: Датум за преговори за членство нема, Европа нема, иднина нема – Одговорност мора да има

Мизрахи: Датум за преговори за членство нема, Европа нема,  иднина нема – Одговорност мора да има

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи на седница на  интерпелација  на вицепремиерот за евро интеграции Никола Димитров кажа дека Димитров и власта имаат проблем со соочување со реалноста  за националната катастрофа која што и се случува на државата. Таа истакна  дека бришењето на македонскиот јазик народ и историја  се прикажува како пријателство додека националната катастрофа се прикажува како предизвик.

-Господине  Димитров,  се чини дека последниве години во Македонија имаме проблем за соочување со реалноста. Па така наместо со вистински збор да ги опишете работите вие користите еуфемизми. Денеска за националната катастрофа која ни се случува велите дека е предизвик, бришењето на македонскиот јазик, народ и историја се пријателство. Потпишувањето на лош и неизбалансиран договор е иднина а недоаѓањето на седница на комисија за надворешна политика и тоа во неколку наврати е заштита од корона вирусот појасни Мизрахи.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ  Мизрахи потенцираше дека причината за интерпелацијата е резултат на немање на датум за преговори, немањето на  меѓувладина конференција, ниту европска иднина која беше наголемо ветувана.

-Државата не сте вие господине Димитров колку тоа чудно и небулозно вас да ви звучи. Примери има многу од прекршување на уставот и законите до нивно апсолутно непознавање. За да бидам појасна изгласување недоверба за работата на вицепремиер за евро интеграции е резултат на следново, датум нема, кредибилитет нема, одлука за безусловен почеток на преговорите за членство во Европска Унија што требаше да биде означена со првата македонско европска меѓувладина конференција нема, Европа нема. Почитувани граѓани иднина нема вели Мизрахи.

Пратеничката Мизрахи на крај потенцираше дека  за постапките и делата  на вицепремиерот за евро интеграции  Димитров одговорност мора да има. Дополнително таа појасна дека Димитров не само што ја загрозил европската иднина туку и европската перспектива на државата.

-Велејќи го ова апсолутно се сложувам со парламентарното мнозинство почитувани колеги од позицијата одговорност мора да има. Политичка одговорност е основ и услов за обезбедување на иднина на една држава затоа што за господинот Димитров законите не постојат. Еден пример е договорот од Нивици без намера да навлегувам во неговата содржина едно е факт, Димитров потпиша договор без да биде овластен од претседателот на државата што е инаку нормална уставна постапка. Затоа што едно изјавувате друго правите а трето се случува и тоа се случува за целата држава. Господине Димитров вие ја загрозивте не само македонската иднина и европската перспектива. Вие го загрозивте постоењето на македонскиот народ, историја, јазик и држава и се надевам дека Македонците тоа го знаат. Е ова е  господине Димитров мојата вербална нота само оваа е јавна вистината и неспорна заврши Мизрахи.

ЕУРО 2020

Македонија