сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 61
home Вести

Мизрахи: Ако може докторите да одат на работа може и пратениците, онлајн седниците се обид за камуфлажа на проблемите во тенкото мнозинство

Мизрахи: Ако може докторите да одат на работа може и пратениците, онлајн седниците се обид за камуфлажа на проблемите во тенкото мнозинство

Во вечерашната „Што не е јасно“ на Алфа телевизија, гостуваше Рашела Мизрахи, сегашен пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на прашањето за онлајн седници на Собранието, истакна дека тоа е камуфлажа за собраниските проблеми кои ги има помеѓу тројното партнерство СДС, ДУИ и БЕСА.

-Пратеник значи испратен од народот, со доверба од народот, еден од народот, не поинаку, доколку може професорите да одат на работа, докторите, наставниците, стоматолозите, техничките служби, административните работници, па дури и враќање на децата во предшколска возраст во градинките и во училиштата, зошто јас како пратеник би била изолирана од сето ова и би била дома, јас не сакам да бидам позаштитена, сакам да бидам еднаква со мојот народ, вели Мизрахи.

Таа вели дека овие насилени избори во Ковид криза беа направени за да имаме функционално Собрание, а сега гледаме дека имаме Собрание кое не е функционално, а изминале 35 дена од верификација на мандатите на пратениците, а сеуште комисиите не се формирани.

-Се гледа дека има спорна ситуација помеѓу тројното партерство СДС, ДУИ и Беса и поради истото се очекува да имаме вакво онлајн собрание кое што би можело да ги камуфлира собраниските проблеми кои би биле во однос на тенкото мнозинство кое што го има власта во овој момент, истакна Мизрахи.

Таа посочи дека на опцијата „мој пратеник“ секој граѓанин може да увиди дека имало пратеници од минатиот мандат кои се појавиле два три пати во Собранието од 100 седници, па очигледно и тогаш имало проблем да се гласа, па се остава сомнеж за камуфлажа на тенкото мнозинство на власта, а една од комисиите за која се преговара е собраниската Комисија за европски прашања.

Коронавирус