четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 2
home Вести

„Мизеријата на градоначалниците на СДСМ продолжува, повторно во главна улога градоначалникот на Лозово“

„Мизеријата на градоначалниците на СДСМ продолжува, повторно во главна улога градоначалникот на Лозово“

МИЗЕРИЈАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА СДСМ ПРОДОЛЖУВА, ПОВТОРНО ВО ГЛАВНА УЛОГА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЛОЗОВО
Таман кога ќе помислиме дека СДСМ и неговите локални пулени го допреа дното, веќе наредниот ден излегува нов скандал со кои повторно се надминуваат самите себеси.
Јавноста вчера беше запрепастена од информацијата која вели дека градоначалникот на општина Лозово од редовите на СДСМ, Ацо Велковски во изминативе 2,5 години отсуствувал од работното место цели 188 дена!
Информациите кои ги пласираа неколку медиуми кажуваат дека од овие неверојатни 188 дена, Велковски дури 175 дена ги поминал во Германија!
На јавноста Велковски (за жал) и е многу добро познат по низа скандали, како што е незаконското организирање на наградна игра од страна на општината, а добитник на наградата – шпорет, беше неговата ќерка. Велковски е познат и како фрустрирана личност и насилник, кој своите комплекси ги лечи преку изживување врз општинската администрација, а во јавноста е познат по неговите реваншистички методи кон сите кои не се „негови луѓе“, како и по тужбите за мобинг од дел од вработените.
За потсетување, СДСМ веќе има еден градоначалник против кој се води истрага, а тоа е градоначалникот на Општина Ново Село, Боро Стојчев кој заедно со неговите сопруга и син беа уапсени за шверц со цигари.
Не може, а да не се споменат и:
– Градоначалничката на Арачиново и кадар на СДСМ, Миликије Халим која има наплата на Данок на имот во општината од 0 %,
– Скопскиот градоначалник Шилегов и неговите соработници кои секој ден се предмет на афери за корупција, мобинг и местење на тендери и доделување на субвенции, а ВМРО-ДПМНЕ веќе поднесе кривична пријава за скандалозната набавка на скала за пожарна вредна 1,7 милиони евра
– Градоначалникот на Штип, Сашко Николов кој деновиве е предмет на голема афера околу договорот за услуги за наплата на зонско паркирање во општината во висина од 3,5 милиони денари, кој според сите процени е за 10 пати повисок во однос на други општини. И за оваа опстапка ВМРО-ДПМНЕ поднесе пријава за основано сомнение за извршено влијание и сторен криминал од страна на градоначалникот на Штип.
– Градоначалникот на Аеродром, Златко Марин, кој жителите на скопската општина 3,5 години не го видоа да се појави на терен и да реализира нешто од ветеното. Но, затоа Марин е исклучително „активен“ изминатиов период, каде се спроведоа крајно сомнителни тендери и јавни набавки со фантастично високи цени. Така, Аеродром набави корпи за отпадоци за 16000 денари плус ДДВ (парче), клупи за седење 15000 денари плус ДДВ (парче), фонтана за пиење вода 65000 денари (парче), обрач за кош на отворено игралиште 15000 денари (парче), ПВЦ врата 40000 денари (пазарната цена е 8000-1000 денари), лед светилки 48000 денари…
Почитувани,
СДСМ е срам за Македонија, а неговите градоначалници се пример за криминалот, корупцијата и беззаконието кое секојдневно го покажува оваа партија на сите нивоа во државата.
По поразот на претстојните локални избори ветуваме дека новиот менаџмент на општините предводен од ВМРО-ДПМНЕ ќе работи чесно, посветено и во интерес на граѓаните.
Комисија за локална самоуправа
ВМРО-ДПМНЕ

Фејсбук објава на Комисија за локална самоуправа

ЕУРО 2020

Македонија