четврток, 20. септември 2018. Вести денес: 116
home Вести

Митровски: Артисти охрабрете се, можеби ќе изгубите еден хонорар, ама ке добиете милион фанови, за интегритет да не збориме

Митровски: Артисти охрабрете се, можеби ќе изгубите еден хонорар, ама ке добиете милион фанови, за интегритет да не збориме

Прославата која Владата ја организира оваа сабота во 15 градови низ Македонија прерасна во голем скандал. Голем број артисти велат дека биле донесени во заблуда, дека на некој начин не знаеле дека потпишуваат договор за прослава на показа за влез во НАТО.

Адвокатот Јанаки Митровски, рече дека не секој артист ќе му понуди бесплатна помош за раскинување на договор.

Фејсбук статус на Јанаки Митровски:

-Повеќе артисти се јавија дека биле во заблуда, или на некој начин не знаеле во што се впуштаат кога потпишале договор за прослава на некаква си покана за НАТО. Заблуда, согласно законот за облигациони односи, е основ за раскинување на договор. Му нудам на секој артист pro bono правна помош доколку сака да го раскине договорот. Доколку треба артистите да плаќаат пенали поради тоа, фер е да се помогне. И тоа прво од оние што сте најгласни.Отвараме сметка и донираме пари за таа цел.Јас прв донирам. Артисти охрабрете се, можеби ке изгубите еден хонорар, ама ке добиете милион фанови, за интегритет да не збориме.