среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 47
home Вести

Митрески: Намерно се разводнува материјата историска за да се избришат оние делови што сметаат на Бугарите

Митрески: Намерно се разводнува материјата историска за да се избришат оние делови што сметаат на Бугарите

„Не може вие да го јакнете знаењето или образувањето како што рековте со тоа што ќе ја ослабите географијата па дури и историјата. Напротив со зајакнување на тие дисциплини многу полесно ќе можат децата да поврзуваат и да донесуваат заклучоци и да добијат сигурност и информираност“, појасни Драги Митрески, археолог при своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“.

Митрески додаде дека на Македонија и е потребно унапредување и усовршување во сите полиња.

„Имам чувство као да некој намерно сака да ја разводни материјата историска за да со тек на време да се избришат оние делови што сметаат. Многу е евидентно тоа, не знам човек што на кого тоа не му е совршено јасно. Какви кадри сега ние ќе вадиме, за каква настава кадри ќе вадиме? По историја на пример, што ќе предаваат тие луѓе“, запраша Митрески.

Митрески посочи дека со владиниот концепт за образование одалеку се гледа дека сака да им се удоволи на Бугарите, да се исполни тоа што тие го бараат од нас. Така власта ќе го исполни даденото ветување на Бугарите.

„Утре децата нема да знаат ни од каде се, ни што се, ни зошто се, и ќе се чувствуваат нормално инфериорно. Ќе се чувствуваат без достоинство“, рече Митрески.

Коронавирус