недела, 27. септември 2020. Вести денес: 108
home Вести

Митовски: Времето ке покаже која е позадината на ваквите манипулации на министерот

Митовски: Времето ке покаже која е позадината на ваквите манипулации на министерот

Односот на Филипче е крајно непрофесионален и долен, со изјави кои од позиција од на министер дрско гази по сериозен бранд како сто е Аџибадем Систина.

На крајот ќе заслужи кривична пријава за загрозување на јавно здравје- со тоа што погрешно ги наведува граѓаните и ги одвраќа да прават масовен скрининг- кој го прават сите земји со позитивно искуство во справувањето со Ковид -19 (Јужна Кореја, Холандија, Велика Британија, Кина).

Брзиот тест на Аџибадем Систина показува присуство на антитела ИГм и ИГг кои укажуваат дека лицето БИЛО ВО КОНТАКТ СО ВИРУСНАТА ИНФЕКЦИЈА, а НЕ СОМНЕЖ дека лицето било заразено, како што вели министерот.

По тој тест, што е неопходен за масовно тестирање на населението по препораките на СЗО, се прави дополнително детектирање на вирусот со молекуларен тест.

Позади ова толкување на резултатите на брзиот тест стојат СЗО, американската ФДА, а на локално ниво сериозни медицински авторитети (професори како Данаиловски, Димов, Докич..)

Дополнително, со тоа што одбива масовно тестирање на населението, министерот избира стратегија на потценување на секоја здрава логика. Како знае дали заразата со Ковид 19 “посакувано” линеарно расте, а не се можеби бројките вивнати, кога нема доволно брзи тестирања и резултати на што поголем број на граѓани?

Времето ке покаже која е позадината на ваквите манипулации на министерот, пишува на својот Фејсбук профил уредникот на порталот Инфомакс, Александар Митовски.

 

Коронавирус