понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 64
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Митовски: на ниту еден новинар од Инфомакс не му е дозволен пристап преку апликацијата „Зоом” за директно вклучување на прес-конференциите на Влада

Митовски: на ниту еден новинар од Инфомакс не му е дозволен пристап преку апликацијата „Зоом” за директно вклучување на прес-конференциите на Влада

Новинарот Александар Митовски преку статус на Фејсбук пишува дека Реалноста е дека жителите на градовите кои се ставаат под карантин пред почеток на полицискиот час ќе заминат на продолжен викенд во некој од градовите каде што нема полициски час.

„Реалноста е дека жителите на градовите кои се ставаат под карантин пред почеток на полицискиот час ќе заминат на продолжен викенд во некој од градовите каде што нема полициски час. На овој начин потенцијален кластер од Скопје би се раширил во Охрид – на пример. Како ќе ги спречите граѓаните да излезат од Скопје, Тетово, Штип или Куманово? Која е логиката позади оваа одлука? Нели сметате дека е ступидно да се воведува селективен карантин кој само може да предизвика ширење на вирусот и онаму каде што го нема?” Ова е прашањето кое го испратив пред денешната прес-конференција на Филипче, но не беше прочитано. Се слушнав и со портпаролот на Влада Мухамед Хоџа, за кого можам да кажам дека е еден од ретките професионалци вработени во било која државна институција. На мое изненадување, ме информираше дека до него биле испратени само две прашања кои требало да бидат прочитани, а биле адресирани до Филипче.
Оттаму, се јавив кај ПР-от на Филипче, која ми тврдеше дека на маилот не им стигнале прашања од ниту еден медиум.
Ок, еве и да го прифатам оправдувањето. Ама некако тешко ми е да поверувам дека не се работи за цензура. Прво, на ниту еден новинар од Инфомакс не му е дозволен пристап преку апликацијата “Зоом” за директно вклучување на прес-конференциите на Влада. Второ, според Шекеринска и оној абдалон од економија сме биле државни непријатели.
Трето, како баш денес не работи мејлот? Баш кога се носи ваква поларизирачка и иритирачка одлука, а?
Ако не е цензура, еве јавно нека одговори Филипче.
П.С. Прашањето е испратено и директно до министерот, до овој момент нема одговор, стои во неговиот пост на Фејсбук.

“Реалноста е дека жителите на градовите кои се ставаат под карантин пред почеток на полицискиот час ќе заминат на…

Gepostet von Александар Митовски am Mittwoch, 3. Juni 2020

 

Парламентарни избори 2020