понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Митовски: Кој му пишал на Боки 13 „многу си ги одpaл“?

Митовски: Кој му пишал на Боки 13 „многу си ги одpaл“?

Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ го посочи случајот „Рекет“ како еден од настаните кои што ја одбележаа оваа година. Причината за тоа тој ја гледа во фактот што мега аферата ја сруши Владата на Заев и предизвика предвремени парламентарни избори.

Митовски постави и една дилема, а тоа кој висок претставник на власта му пишал на Бојан Јовановски „многу си ги одрал“.

-Мислам дека рекетот на Катица Јанева на Боки на Кики Фрики и останатите беше тема на годината бидејќи предизвика предвремени парламентарни избори. Предизвика и големи поместувања во секој аспект на општественото живеење, особено во правосудниот ситем кој што го падна овој испит морам да кажам. Го падна испитот бидејќи ниту Боки го слушнавме од кого ги добивал нарачките кој го предупредувал дека е отворена истрага, иако во исказите кои ги објавив јас јасно беше дека Боки бил предупреден од премиерот од други високи функционери дека е отворена истрага да се пазат и да престанат. Имаше и една порака која не сум сигурен дали беше објавена инкогнито на социјалнтие мрежи во која еден највисок функционер во Владата на Република Македонија на Боки му испраќа порака во која вели многу си ги одрал не си требал толку. Значи за тој криминал се знаело многу порано за тој рекет се знаело многу порано, кој имал корист од тие пари останува да видиме, вели Митовски, вели Митовски.

Коронавирус