петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 61
home Вести

Митовски: Кој го крие клучниот записник за Рекет и Рекет 2

Митовски: Кој го крие клучниот записник за Рекет и Рекет 2

Новинарот на Инфомакс Александар Митовски преку статус на Фејсбук прашува кој го крие записникот за Рекет и Рекет 2?

-Кој го крие записникот?
Има еден записник, кој уште пред година дена е составен во Обвинителството за организиран криминал и корупција.
Тој записник е клучен во истрагата за “Рекет” и “Рекет 2”.
Во овој записник се зборува за лицата кои директно се вклучени во рекетарските шеми – и за Дијамед и за рекетираните бизнисмени.
Човекот што го дал исказот, од осомничен станува сведок.
Е сега, да прашам. Дали овој записник го има составено обвинителот Наум Паноски? Каде е записникот и зошто не е земен во предвид при постапување по овие предмети? Чија вмешаност се прикрива?
Да не мислите дека ако народот не знае, сте завршиле работа. Има и такви кои знаат што правите…, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Кој го крие записникот?Има еден записник, кој уште пред година дена е составен во Обвинителството за организиран…

Gepostet von Александар Митовски am Mittwoch, 6. Mai 2020

 

ЕУРО 2020

Македонија