сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Митовски: Ќе станува ли Вилма Русковска која го води случајот „Рекет“ бизнисмен со проектите на Боки 13

Митовски: Ќе станува ли Вилма Русковска која го води случајот „Рекет“ бизнисмен со проектите на Боки 13

Ќе станува ли обвинителката Вилма Русковска која го води случајот „Рекет“ бизнисмен со проектите на Бојан Јовановски попознат како Боки 13 запраша Александар Митовски во своето гостување на телевизија Алфа.

Тој истакна дека бил сведок на вечерата на Русковска со поранешен висок функционер на СДСМ, Кире Наумов кој во моментов е директор на Македонската банка за обнова и развој, дополнително наметнувајќи го прашањето дали таа од него барала ургенции и врски за дозволи поврзани со отворање на ланец на спа центри ширум Македонија.

-По судењето, истата вечер јас бев сведок на вечерата на Вилма Русковска и Кире Наумов. Кире Наумов е директор на Македонската банка за обнова и развој, државна банка која што требаше да ја докапитализираат ама со капитализацијата им оди малку тешко, односно парите за капитализација не знам каде се. И тоа е апсолутно нетранспарентна институција со која може лесно да се манипулира. Од тоа што го слушнав што разговарале на маса, бидејќи како што кажа Милошоски луѓето насекаде се охрабруваат да свиркаат па почнува да се случува галама од свирежи што се чувствувам како да сум на Јужна. Од тоа што ми го кажаа што се разговарало на масата, јас ќе ја прашам еве повторно Русковска дали се разговарало за отворање на спа центри низ Македонија, проект на Боки 13 и дали госпоѓата Русковска ургирала кај господинот Наумов за тој да побара ургениција во министерството за транспорт и врски за некои дозволи на некои земјишта. Обвинителката станува бизнисмен, запраша Митовски.

Коронавирус