четврток, 9. јули 2020. Вести денес: 176
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

Во живо

Мицкоски ја промовира програмата на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром

home Вести

Митовски: До кога ќе го пуштате девојчето дома расплакано? Заев ја обвини министерката Нина за лошата состојба на буџетот

Митовски: До кога ќе го пуштате девојчето дома расплакано? Заев ја обвини министерката Нина за лошата состојба на буџетот

До кога ќе го пуштате девојчево дома да си оди расплакано? Вчера, имало состанок во просториите на Министерство за финансии на кој присуствувале министерката Нина, гувернерот Бежовска, Зоран Заев (во кое својство, не ми е јасно) и еден банкар, пишува на Фејсбук уредникот на Инфомакс Александар Митовски.

Состанокот поминал тензично, расправијата била на висок тон, а Нина добила низа на навреди и закани. Навредите се однесувале на нејзиниот интелект, и тоа дошле директно од Заев.

Расправијата пак, била поради недостатокот на средства во буџетот. Заев бил исклучително нервозен поради состојбата во која се наоѓа буџетот, а за тоа ја обвинувал Нина. Поради недомаќинското и неодговорно работење во буџетот нема доволно пари за спроведување на третиот сет мерки кои ги планирал Заев (повторно, во кое својство не знам).

По овој состанок, Нина си заминала расплакана.

Правда за Нина!

Парламентарни избори 2020