среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 57
home Вести

Митовски: Аферата „Рекет 4“ не е само перцепција, туку реална состојба во Македонија

Митовски: Аферата „Рекет 4“ не е само перцепција, туку реална состојба во Македонија

Гостин вечерва во „Што не е јасно“ на Алфа телевизија беше уредникот на Инфомакс, Александар Митковски. Тој зборуваше за актуелната тема во Македонија а тоа е корупцијата. Последните извештиа на Транспаренси Интернешнл укажуваат дека Македонија во последните години доживеала пад од 46 места, односно дека се наоѓа на 111 место.

Актуелната власт во своја одбрана изјави дека се работела за перцепција.

На тоа Митковски вели дека перпеција се создава кога поголем број на единки ќе се соочат со одредена ситуација.
-Ако ние денес имаме сто луѓе и од тие сто луѓе 95 се соочиле со корупција, тогаш тие пренеле на уште 950 луѓе кои што перцепираат врз основа на искуството наовие кои што биле жртви на корупција дека постои голема корупција, посочи тој.

Митковски во текот на емисијата ги напомена трите најголеми афери поврзани со рекет кои се обелоденија во јавноста, градоначалнико кој пукаше во полиција, градоначалници кои што киднапираа новинари.

Тој исто така ја напомена и аферата која што Инфомакс ја откри за јавноста, а тоа е аферата Рекет 4 за обезвреднување на имот на Водно со цел некој од власта да го купи по цена далеку пониска од реалната.

Според Митковски Рекет 4 не е само перцепција, туку реална состојба во Македонија.

ЕУРО 2020

Македонија