недела, 22. септември 2019. Вести денес: 37
home Вести

Митовска: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесе амандмани за подобрување на текстот на пакетот на предложени закони од социјалната сфера

Митовска: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесе амандмани за подобрување на текстот на пакетот на предложени закони од социјалната сфера

Сведоци сме дека голем број на важни реформски закони целиот изминат период се носат по скратена постапка, а за истите е потребна широка дебата во кој ќе се слушнат мислењата на засегнатите страни како и мислењето на пошироката јавност со цел носење на закон кој нема да биде додворување на одредена категорија на граѓани туку ќе биде во насока на подобрување на квалитетот на нивниот живот, ова денеска на прес-конференција го истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Слаѓана Митовска.

-Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и  коалицијата „За подобра Македонија“ денеска  поднесе амандмани за подобрување на текстот на пакетот на предложени закони од социјалната сфера. Имено ние како пратеници преку остварување на средби со претставници од социјално ранливите групи на граѓани, со лицата со попреченост  и нивните претставници, согласно забелешките кои беа изнесени преку нашите средби како и на јавната расправа за Предлог на законот за социјалната заштита, бараме нашите амандмани да бидат вградени во предложеното законско решение, а  со цел да им излеземе во пресрет на што е можно повеќе засегнати граѓани. Со Предлог законот за социјалната заштита што го предлага министерката Мила Царовска се крати односно се намалува дури за 50% додатокот за покривање на дел од трошоците за потрошувачки енергенси во домаќинството од  двенаесет на  шест месеци, поради што поднесовме амандман да остане како што беше и досега односно покривање на овој вид на трошоци за период од 12 месеци, потенцира Митовска.

Таа додава дека со член 78 од истиот закон, се оневозможува користење на надоместок на услугата помош и нега во домот, доколку, истовремено се користи услугата лична асистенција.

-На овој член предложивме амандман за враќање на постоечкото законско решение и користење на надоместок на услугата помош и нега во домот и услугата лична асистенција истовремено. Со Предлог законот за социјална заштита се укинува и правото на парична помош на мајка која родила четврто дете. Со амандманот кој го поднесовме бараме со Предлог законот да не се брише оваа законска одредба и да остане правото на мајката која родила четврто да оствари право на парична помош. Со Предлог законот за социјална сигурност за старите лица, постојаната парична помош се трансформира, така што сега ова право ќе го ужива само еден од брачните другари со навршени 65 години, исклучувајќи ја можноста на брачниот другар или лицето со кое живее во вонбрачна заедница да го оствари тоа право како соуживател, за што со амандман интервениравме во соодветниот член. Со предложените измени и дополнувања на Законот за заштита на децата, надоместокот за трето дете ќе може да се остварува само доколку вкупниот просечен приход на домаќинството на мајката по сите основи во последните три месеци пред поднесување на барањето и во текот на користењето на правото е понизок од висината на минималната нето плата утврдена во претходната година што значи дека самата одредба е ограничувачка. Ова се само дел од забелешките на предложените закони од социјалната сфера, кои Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и премиерот Зоран Заев, настојуваат да ги донесат пред одржување на претседателските избори. Почитувана јавност, владачкото мнозинство говори за покачување на социјалните права, а во суштина станува збор за истите надоместоци кои се трансформираат од една во друга категорија, истакнува Митовска.