четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 34
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Митовска: Поради неспосбноста на СДС, денес Македонија е железнички изолирана земја

Митовска: Поради неспосбноста на СДС, денес Македонија е железнички изолирана земја

На денешната собраниска седница пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Слаѓана Митовска потсети дека СДСМ во својата програма- план за живот вети дека ќе ги насочи своите ресурски кон подобрување во железничкиот сектор со инвестиции и модернизација во железничката инфраструктура, но, досега нема реазлиација на овие ветувања.

-Освен започнатите проекти од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, досега нема започнато ниту еден нов проект. Нема нови инвестиции, нема модернизации во железничката инфраструктра, нема проекти за обновување на возниот парк, нема никакви инвестиции во делот на безбедноста на сообраќајот преку осигурување на патните премини и нема соларни железнички станици, истакна пратеничката Митовска.

Таа рече дека владата на СДСМ поради својата неспособност внесе хаос во железничкиот сообраќај и поради тоа денес Македонија е железнички изолирана земја. -Од октомври 2018 година нашата земја остана без единствената редовна меѓународна линија. Беше укинат единствениот меѓународниот патнички воз кој се обраќаше на релација Солун-Скопје-Белград, истакна таа. Пратеничката Митовска додадека дека на патницитите им се скратила можноста да ја користат единствената железничка порта кон Европа, и со ова дефинитивно Македонија станала железничко слепо црево.