понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Митовска: Од собраниска говорница Анѓушев призна дека не може да ги обесштети вработените во „Вејбо“

Митовска: Од собраниска говорница Анѓушев призна дека не може да ги обесштети вработените во „Вејбо“

Моето прво прашање беше наменето за вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, но бидејќи тој не е присутен во салата очекувам на прашањата одговор да ми даде претседателот Зоран Заев. Ова прашање се однесува на едно од најгорливите прашања на Кривопаланчани за големиот процент на невработеност и немање на инвестиции со кои што би се отвориле нови работни места, појасни Слаѓана Митовска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За подобра Македонија“.

Митовска појасни дека пред изборите беа ветувани инвеститори од СДСМ, лично и Анѓушев како вицепремиер ветуваше нови инвеститори и подмирувања на заостанатите плати и придонеси на порано вработените во „Вејбо“.

-Што за жал ова ветување до ден денес не е исполнето, а и самиот во одговор на моето пратеничко прашање од оваа говорница призна дека владата не може да ги обесштети вработените во „Вејбо“. Исто така имаше и уште едно ветување тоа е дека во Крива Паланка веќе преговараат за три нови инвеститори и тоа од Гевгелија, Кочани и Штип, кои сериозно размислуваат за отворање на погони од текстилната и кожарската индустрија која што ќе ги вработат поранешните вработени од „Вејбо“, нагласи Митовска.