сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Митовска: Несериозен e пристапот и префрлањето на вината помеѓу функционерите од власта за инцидентот од МНТ

Митовска: Несериозен e пристапот и префрлањето на вината помеѓу функционерите од власта за инцидентот од МНТ

Во вечерашната емисија„Само Вистина” на Канал 5 телевизија пратеничката Слаѓана Митовска од редовите на ВМРО- ДПМНЕ изјави дека не очекува разрешница на вандалскиот чин од МНТ и го осуди не сериозниот пристап на функционерите од власта.

– Кога станува збор за демолирање на Македонскиот народен театар навистина тоа што го виде јавноста се згрозувачки снимки со кои што се гледа како еден објект кој што чини 40 милиони евра се уништува за само неколку часа а притоа од изјавите кои што ги слушнавме и од претседателот на владата и од министерот и од директорката на МНТ гледаме дека всушност никој не наоѓа вина лично кај себе туку напротив вината се префрла од едни до други и на крај се заклучува како да не биле известени за тоа што ќе се случува. Но имаме информациа дека не е така, бидејќи во министерството за внатрешни работи имало информација дека ќе имало настан од навивачката група шверцери, нагласи Митовска

Во понатамошната дискусија таа додаде дека во истиот тој момент биле распоредени над 150 припадници на единицата за брзо распоредување ЕБР и околу 30 припадници на алфи.

-Зошто овие припадници биле распоредени околу театарот ни покажува само дека министерството за внатрешни работи имало информација и очекувало дека ќе настанат инциденти. Тоа што денес видовме дека си ја префрлуваат вината едни на други само го покажува уште еднаш не сериозниот пристап на функционерите на оваа влада кон нашите знаменитости и кон владеење на насилството . Можеби овој начин е и дискретна поддршка на насилството затоа што ако никој не сноси одговорност, значи дека се поддржува истиот овој чин. Не очекувам разрешница затоа што ние во Македонија имаме правосудство кое е се само не е на висина на својата задача, посочи Митовска.

Митовска заклучи дека очекува сето тоа што ќе излезе на крајот ќе биде само уште едно затајување на ваквиот вандалски чин.

Коронавирус