петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 22
home Вести

Митовска: Граѓаните се излажани, нема ништо од ветениот „живот“ на СДСМ

Митовска: Граѓаните се излажани, нема ништо од ветениот „живот“ на СДСМ

На граѓаните им е преку глава од лажните ветувања од СДСМ. Граѓаните сакаат тоа што им го ветивте пред изборите да им го реализирате, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Слаѓана Митовска во денешното нејзино гостување во емисијата Отворено на ТВ Алфа.

Според нејзе време е актуелното раководство на владата на СДСМ да ги исполни ветувањата потенцирајќи дека граѓаните очекуваат повисоки плати, повисок животен стандард, земјоделците бенефициран стаж кој што СДСМ во предизборниот период го ветила во првите 6 месеци, како и повисоки плати за лекарите и вработените во јавната администрација.

Митовска нагласи дека кога се дискутирало во Собранието за уставните амандмани, немало пренос во живо од седницата само поради тоа што СДСМ и мнозинството пратеници не сакале да се соочат со јавноста.

Немавме пренос во живот на комисијата за уставни прашања затоа што не сакате и се срамите да се соочите со јавноста. Не сакате јавноста да ги  знае аргументите кои ќе бидат изнесени на комисијата за уставни прашања.

Митовска истакна дека претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ 11 години преговарала за спорот со името со Република Грција, но никогаш не прифатила недостоинствено решение каде што директно се задира во идентитетот, јазикот, историјата и културата на македонските граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ беше 11 години на власт и преговараше, но вакво недостоинствено решение не прифати во ниту еден момент, изјави таа.

Коронавирус