недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

 Митко Ѓорѓиев: Во Струмица има луѓе на кои Заеви за кредит од 5.000 евра им ја земале куќата

 Митко Ѓорѓиев: Во Струмица има луѓе на кои Заеви за кредит од 5.000 евра им ја земале куќата

Струмичанецот Митко Ѓорѓиев во емисијата „Блиц“ на Телевизијата Алфа обвини дека цела Струмица е под лихва од штедилницата Пеон, која е во сопственост на братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев.

Според него, во градот има луѓе на кои Заеви за кредит од 5.000 евра им ја земале куќата.

-Најодговорно тврдам, бидејќи кога почнав да се бавам со штендилницата Пеон, најдов најмалку 100 луѓе. Во Струмица има луѓе на кои за 5.000 евра им е одземена куќата од Заеви. Нема кредит даден во Пеон под 30 проценти лихва. Цел град е под лихва. Нема фирма на која и е даден под 30 проценти, тврди Ѓорѓиев на прашањето дали тој е единствен случај во градот кој отплаќал толку висока камата за земен кредит.

Вели дека бил и кај Јавниот обвинител кој, пак, му посочил оти добил преписки од многу граѓани на Струмица. Јавниот обвинител побарал од Народната Банка на Република Македонија да образложат како може штедилницата Пеон да дава најмалку 30 отсто каматна стапка, но оттаму четири години немаат дадено одговор.

Коронавирус