четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 27
home Вести

Митевски: Висококатницата кај „Мајчин дом“ ќе се гради, Марин ќе издаде одобрение за градење

Митевски: Висококатницата кај „Мајчин дом“ ќе се гради, Марин ќе издаде одобрение за градење

Здравјето и животот на граѓаните мора да биде поважно од неброените фирми и банкарски оф-шор сметки!, ова денеска на пресконференција го истакна Дејан Митевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Знаете ли дека има друг начин да го обесштетите самиот сопственик на земјиштето? Можете по пазарна цена да го исплатите, можевте во компензација со друга локација да го искомпензирате за да се зачува таму зеленилото. Вака Златко Марин пред локалните избори бараше поддршка од граѓаните. Но по седнување во градоначалничката фотелја, како да доби амнезија. Наеднаш се` заборави, па наместо да се занимава со реалните проблеми на Аеродромци, без срам почна да дели памфлети полни со лаги и манипулации. Драги сограѓани, ситуацијата во Аеродром е повеќе од алармантна. Според информациите до кои дојдовме, Златко Марин веднаш по завршување на референдумот на 30-ти септември е спремен да издаде одобрение за градење на нова висококатница, овој пат на локацијата кај „Мајчин дом“. Инвеститорот за таа цел веќе уплатил и комуналии во износ од повеќе од 100 милиони денари, истакнува Митевски.

Тој додава дека станува збор за нова десеткатница, со повеќе од 240 станбени единици и деловен простор, на површина од околу 14.000м2.

-Иако пред избори имаше премногу идеи како да ја спречи изградбата, се одлучи да си го погази зборот и како што самиот викаше „банкарските оф-шор сметки да ги стави пред здравјето и животот на граѓаните“. Иако е скоро од една година на власт, не покрена ниту една постапка за ревизија на било кој урбанистички план, не отпочна со реализација на ниту еден капитален проект во Аеродром. Г-дин Марин, по не знам кој пат докажувате дека за Вас зборот не е збор. Повторно како и многупати досега ќе пробате да се оправдате, под изговор дека некој друг е крив за ова, но изговорите не Ви поминуваат. Вие и единствено Вие сте одговорен за ова денес што се случува во општина Аеродром. Граѓаните се почесто се разочарани од Вашите лаги, а образот го изгубивте одамна.

Коронавирус