сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 40
home Вести

Митевски: Аеродромци ги прочитаа Заев и СДСМ, ја видоа нивната погубна политика и затоа опадна нивната поддршка помеѓу граѓаните

Митевски: Аеродромци ги прочитаа Заев и СДСМ, ја видоа нивната погубна политика и затоа опадна нивната поддршка помеѓу граѓаните

Дозволете ми во име на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром да изразам огромна благодарност до сите сограѓани за покажаната висока демократска и патриотска свест, на начин што одлучија да не дадат поддршка на договорот за промена на уставното име, идентитетот, историјата, јазикот и традицијата на Република Македонија, истакна Дејан Митевски, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром.

-Во општина Аеродром СДСМ за една година изгуби речиси 2.000 гласови, од добиени 22.500 гласови на локалните избори, референдумот го поддржаа околу 20.500 граѓани. Катастрофалната економска политика, криминалните тендери, срамниот договор со Грција, лагите и манипулациите на Златко Марин, реализацијата на нула проекти во Аеродром придонесоа драстично да се намали поддршката на СДСМ во Аеродром, истакна Митевски и додаде:

„Аеродромци ги прочитаа Зоран Заев и СДСМ, ја видоа нивната погубна политика и затоа опадна нивната поддршка помеѓу граѓаните, а и во периодот што следува дополнително ќе се намалува. Ве повикувам сите заедно битката да ја продолжиме се до конечна победа. Македонија вечна!“.

Коронавирус