недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 94
home Вести

Митева: Заев по изјавата на Седат Пекер треба да се повика на информативен разговор во суд и да одговори за издадените 214 пасоши на нарко босови

Митева: Заев по изјавата на Седат Пекер треба да се повика на информативен разговор во суд и да одговори за издадените 214 пасоши на нарко босови

„Изјавата на господинот Седат Пекер јасно укажува оваа криминална мафија се случи во време во која што на власт е СДСМ, министер за внатрешни работи е Оливер Спасовски од редовите на СДСМ и во најмала рака јас очекувам после вакви изјави судството да се охрабри и да ги повика на информативен разговор“, истакна Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само вистина“.

Митева додаде дека Зоран Заев треба да биде повикан на информативен разговор за да даде одговор на одредени прашања, одговори заслужува и јавноста.

„Зоран Заев треба да одговори зошто, за кои цели се сретнал, како се овозможени тие 214 пасоши на нарко босови, мафијаши кои што имале можност да престојуваат во Република Македонија. Дури имале и сопствено обезбедување. Ова е скандал од меѓународни размери“, рече Митева.

Митева посочи дека со СДСМ на власт правда нема. Главните и крупни криминалци се заштитени од законот. А, пасошите се уште се активни за жал.

ЕУРО 2020

Македонија