понеделник, 2. август 2021. Вести денес: 126
Вонредна вест

Стивнува пожарот во Кочани: Човечки жртви нема, пет лица се во болница- огнот сè уште не е целосно изгаснат

home Вести

Митева: Во време на економска криза, Шилегов набавува клупи со 7 даски кои чинат по 500 евра

Митева: Во време на економска криза, Шилегов набавува клупи со 7 даски кои чинат по 500 евра

На Град Скопје му недостигаат многу работи кога станува збор за стратегијата и нејзиниот развој. Она што досега е проблем е што таа се води стихијно, без одржлива стратегија која е насочена кон реален развој. Скопјани слушнаа многу најави за капитални инвестиции во главниот град, но реализацијата на истите воопшто и да немаше. Овие 4 години власт на Социјалдемократскиот сојуз реализација на капитални инвестиции нема. Приказната со капиталните инвестиции постојано се репризира само во периодот пред изборите, а завршува со набавка на даски, чешми, клупи и останата урбана опрема по енормно високи цени, порачува Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Клупата во вредност од 500 евра е изненадување за скопјани, 7 даски од тропско дрво вредат 500 евра. Во време на економска и здравствена криза, во време на рецесија ова се небулозни цени за клупи од тропско дрво. Градоначалниците на Скопје, почнувајќи од Златко Марин од Аеродром кој е добро познат по тоа што ги триплицира цените на материјалите, па се до Петре Шилегов склучуваат договори за јавни набавки во кои цените за урбана опрема варираат од година во година.

Ако го отворите системот за јавни набавки ќе се забележи дека Град Скопје во 2020 година извршил јавна набавка за клупи од тропско дрво чија единечна цена била скоро 30.000 денари.

Драги скопјани, кога на сето ова ќе го додадете и проблемот со девастираното управување со народните пари и недоволно реализираната инфраструктура на Скопје, тогаш е јасно каде сме и што ни е потребно. Потребно е СДСМ и Шилегов што поскоро да заминат“ – истакнува таа.

Коронавирус