четврток, 19. мај 2022. Вести денес: 176
home Вести

Митева: ВМРО-ДПМНЕ е подготвено на предвремени парламентарни избори без техничка влада и со една изборна единица

Митева: ВМРО-ДПМНЕ е подготвено на предвремени парламентарни избори без техничка влада и со една изборна единица

Единствената заложба на ВМРО-ДПМНЕ е да се решаваат вистинските проблеми на граѓаните и државата да излезе од четирите кризи кои што во моментов се наоѓаме, а причина за тоа се СДСМ и ДУИ, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева одговарајќи на новинарско прашање при денешната прес конференција.

Таа вели дека доколку техничката влада им е проблем на СДСМ и ДУИ, тогаш ВМРО-ДПМНЕ подготвено на предвремени избори и без техничка влада, но и со една изборна единица доколку тоа им одговара на помалите политички партии.

– ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара за промени во Изборниот законик и да ги слушне барањата на помалите политички партии за една изборна едница и доколку тоа е проблем на СДСМ и ДУИ, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати предвремени парламентарни избори без техничка влада и со една изборна единица, нагласи Митева

Најнови вести

Коронавирус