вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 186
home Вести

Митева: Власта со криминал во секоја сфера на општеството и катастрофална надворешна политика само го кочи патот на државата кон ЕУ

Митева: Власта со криминал во секоја сфера на општеството и катастрофална надворешна политика само го кочи патот на државата кон ЕУ

Во вечерашната емисија на Радио Лидер „Фалибастер“, гостуваше портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Марија Митева, која кажа дека надворешната политика на власта е катастрофална и затоа државата многу губи на патот кон Европската Унија.

– Водењето на политика на потпишување на договори бланко без да се гледаат последиците и ветувања на соседни земји од невидени размери нема да не однесат нас во Европската Унија, појасни Митева.

Митева потенцираше дека власта не обезбедила реформи на ниту едно поле и кримиланот буквално царува во секоја пора на општеството, а со тоа го сериозно го загрозува патот на државата кон ЕУ.

Додека ние не се посветиме дома додека не заборавиме на криминалот да не биде буквално во секоја сфера на општеството и не се обидеме да ги подобриме односите со нашите соседи, но пред се да ги утврдиме нашите ставови дома и пред се да имаме јасен национален став по однос на тие прашања јас не верувам дека оваа влада ќе постигне или да овозможи било каков напредок на Република Македонија, рече Митева.

ЕУРО 2020

Македонија