четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 190
home Вести

Митева: Владата се плаши од предвремени избори, затоа бега од дијалог

Митева: Владата се плаши од предвремени избори, затоа бега од дијалог

ВМРО-ДПМНЕ понуди и даде рака во четири акутни области во кои што се наоѓа Македонија, тоа е образованието, здравството, економијата и меѓународната политика во однос на проблемот со Бугарија, и побара датум за предвремени парламентарни избори, кое што е сосема легитимно барање на една опозициона партија која што гледа како од страна на власта Македонија тоне во се поголема криза од ден на ден, вели Марија Митева портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24.

Митева додаде дека образложението на СДСМ дека не прифаќаат лидерска средба на која ќе се разговара за изнаоѓање на проблемите со кои се соочуваат граѓаните и државата, како и за датум за предвремени парламентарни избори, само потврдува дека власта се плаши од одржување на предвремени парламентарни избори.

Оваа понуда од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше одбиена мислам дека во неполни половина час од страна на СДСМ во прес конференција која што не ја одржа ни премиерот, дури и не размислуваат да разговараат за проблемите во која се наоѓа Македонија, а тоа што зборуваат дека единствениот проблем за немање дијалог за нашето барање за предвремени парламентарни избори, е само уште еден доказ дека токму од тоа стравуваат, и дека токму тоа не сакаат да се случи наредниот период, нагласи Митева.

Митева потенцираше дека активна блокада во Собранието која што ќе започне од утре, всушност значи дека нема да ги поддржат штетните закони и ќе ги искористат сите демократски алатки согласно Деловникот на Собранието.

Активна блокада значи дека нема да ги поддржиме штетни закони кои што планираат да ги донесат во Собранието, дека ќе интервенираме со амандмани, дека ќе искористиме сите демократски алатки кои што ги имаме согласно Деловникот во Собранието, и дека ќе се обидеме тие штетни закони да не бидат донесени, затоа што Македонија од ден на ден со СДСМ има нови кризи и нови поделби општествени, рече Митева.

Коронавирус