четврток, 19. мај 2022. Вести денес: 176
home Вести

Митева: Владата на СДСМ ја уништи економијата, поскапи цени за парно и струја се нивната прва владина мерка

Митева: Владата на СДСМ ја уништи економијата, поскапи цени за парно и струја се нивната прва владина мерка

Владата на СДСМ ја уништи економијата, поскапи цени за парно и струја се нивната прва владина мерка, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

-Актуелната ситуација со БЕГ отвори многу прашања за СДСМ и навидум независната регулаторна комисија за енергетика. Согласно варирањето на цената на гасот на светскиот пазар СДСМ И РКЕ не успеаја да предвидат или предвидоа но премолчеа дека БЕГ нема да има услов за функционирање во грејната сезона. Второ, врз основа на кои математички пресметки РКЕ и Владата донесоа одлука за поскапување на парното за 14%? Бислимовски убедуваше дека нема да има проблеми со компаниите, дека компаниите се обезбедени за грејната сезона, и ги држеа граѓаните во неизвесност до последниот ден. Трето, дали овие средства со кои се врши субвенционирање на БЕГ се средства кои претходно се обезбедени и планирани за оваа намена? Дополнително, оваа криза која не успеаја да ја неутрализираат за СДСМ претставуваше политичка можност да го обвинат Градот Скопје и општините кои немаат никаква улога ниту во регулирањето на цената, ниту пак во договарањето на набавките за гас. Битиќи и Бектеши се пофалија дека е решен проблемот со парното, но одбегнаа да кажат колку пари ќе ги чини граѓаните. Уште еден поразителен факт е дека ТЕ-ТО сега го дава гасот на одложено плаќање, без наплата, до обезбедување на ликвидноста и до потпишување на деловно техничка соработка што укажува на фактот дека ТЕ-ТО работи со загуба, истакна Митева.

Ценовниот шок, кризна состојба во енергетиката која е пропратена со економска и здравствена криза е дело на оваа неспособна влада предводена од СДСМ. СДСМ е извор на сите проблеми во државата кои континуирано се рефлектираат на народот, додаде таа.

Најнови вести

Коронавирус