четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 131
home Вести

Митева:Вакцини нема само во Македонија и Косово, поради неспособноста на Заев и Филипче во Македонија починаа три илјади лица од корона

Митева:Вакцини нема само во Македонија и Косово, поради неспособноста на Заев и Филипче во Македонија починаа три илјади лица од корона

Вакцините од КОВАКС механизмот од Светската здравствена организација ниту ќе пристигнат во Февруари, ниту ќе бидат од производителот Фајзер како што најавуваше министерот Филипче, изјави денеска за медиумите во коментар на денот, Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

– Континуирано не убедуваат дека некакви разговори за набавка на вакцини се во завршна фаза, а поради неспособноста на Заев и Филипче, за жал, во завршна фаза се животите на луѓето во Македонија. Броиме 3000 лица починати од КОВИД-19, бевме најлоши по начинот на кои се справуваме со кризата уште од самиот почеток, а сега сме последна држава во која нема вакцини, посочи Митева.

– Сите држави вакцинираат уште од декември 2020година. Во Европа најдобри во вакцинација на население против КОВИД-19 се Британија, Србија, Малта, Исланд, Словенија и други. Соседна Србија котира високо на светската листата по број на вакцинирани жители или е во првата десетка. Дополнително, Србија започнува и со производство на вакцини против корона. Властите во Република Македонија кажаа безброј невистини, прво дека платиле аванс за вакцини, па дека ќе добиеле од Бугарија, дека нема вакцини за мали земји, за на крај да изјават дека не сакале да експериментираат со народот. Филипче и Заев не успеаја да ја набават основната алатка во борба против КОВИД-19, а тоа е вакцината. Ваквото скандалозно однесување мора да сопре, додаде таа.

ЕУРО 2020

Македонија